Го тепал со палка на улица, крвав паднал и изгубил свест

Половина час пред полноќ во Полициска станица Драчево, се јавил 32-годишниот Т.В. кој пријавил дека истиот ден околу 16  часот на улицатаИван Хаџиниколов на автобуската постојка во близина на пазарчето, додека го испраќал неговиот другар Е.Х. до нив застанало возило од кое излегол Н.Ѓ. од населба Драчево држејќи бејзбол палка во рацете, информира полицијата.

Откако започнал расправија со него, го удрил со тупаница, по што Т.В. се исплашил и почнал да бега, но Н.Ѓ. го стигнал и со безбол палката го удрил на задниот дел од главата  при што му нанел повреда од која почнал да крвари  и да ја губи свеста и паднал на тротоарот.

Потоа Н.Ѓ. влегол во возилото и избегал.                 

На повредениот му е укажана лекарска помош во амбулантата во Драчево, а потоа се упатил во Градската општа болница Св. Наум Охридски за понатамошно лекување.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.