Го оставате цела ноќ вклучен во штекер? Еве колку троши полначот за телефон

Колку струја трошат полначите за мобилен, лаптоп или таблет? Ќе заштедиме ли електрична енергија и пари ако ги исклучиме после употребата? Еден од странските ИТ портали се позанимава со оваа тема и со помош на струен мерач доби конкретни податоци.

Ставиле мерен инструмент на струја, а потоа на него вклучиле полначи. Некои полначи практично не трошеле струја. Секако, кога не ја извршувале својата функција. Но, кога вклучиле неколку различни полначи регистрирана е потрошувачка од 0,3W.

Седум полначи (iPhone, iPad, Android, Nintendo 3DS, Windows, MacBook i Chromebook) според оваа пресметка, ако останат вклучени после полнењето, за година дена ќе потрошат 2,628 kWh струја.

Секако, без оглед на тоа што не трошат многу, би било добро да ги исклучувате полначите после полнењето, поради безбедносни причини, но и поради заштеда на струја.