Го имаме победникот во категоријата „Паркирај цел свет да ти се чуди“

За денеска го имаме победникот во категоријата „Паркирај цел свет да ти се чуди“. Тоа е нашиот сограѓанин кој има БМВ џип и пред деловен објект освен што се паркирал на место за инвалиди (а за тоа нема налепница на неговиот автомобил), зазел наместо едно две паркинг места. 

Граѓаните се чудат како е можно некој вака да (не)размислува и да се однесува крајно нецивилизирано и покрај секојдневните апели од сите страни за важноста на почитувањето на правилата и прописите посебно во сообраќајот и хигиената.