Ѓубрето под Скопската тврдина што остана неисчистено

Поранешниот полигон за возачи кој што се наоѓа под Скопската тврдина се уште е дива депонија. Стар мебел, градежен шут, отпад од производство и останато ѓубре секој ден се натрупува се повеќе и повеќе. 

Иако карши оваа депонија се наоѓа луксузен хотелски комплекс, спортски центар, а над него е американската амбасада, а подолу се јавни институции никој до сега не се сети да го запре загадувањето или пак да го исчисти овој дел.