Ѓоковиќ пред илјадници фанови ја пееше „Македонско девојче“ (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ им приреди незаборавна вечер на своите навивачи по победата во 3. коло од Вимблдон против Хуркач, со што обезбеди пласман во втората недела од третиот годинешен гренслем, а со тоа и – слободен викенд, пишува Спорт1

Со оглед што нема да игра на теренот, Србинот реши да заигра на поинаков начин. Во друштво на физиотерапевтот Миљан Амановиќ имаше вклучување во живо на Инстаграм од станот во кој е сместен во Лондон. Популарниот Ноле се прикажа во нешто поинакво светло какво што неговите фанови навикнале да го гледаат, играше стомачен танц, пееше на арапски, а во еден момент ја запеа и нашата „Македонско девојче“ за сите пријатели кои ги има во нашата држава.

„Ех, да сум сега крај Охридско езеро“, си посака Ѓоковиќ потенцирајќи ги сите убавини на нашиот најголем бисер, Охрид и барајќи да му се прати некоја фотографија од овој град.