Ги скршил рацете и нозете - полицаец со мотоцикл излетал од автопатот Велес-Скопје

Скопјанец кој работи како полицаец ги скршил рацете и нозете откако со својот моторцикл вчера излетал од патот Скопје-Велес.

Се работи за 24-годишниот И.И. кој пред наплатната рампа кај Сопот во 16 часот и 12 минути се излизгал и доживеал страшна несреќа, по што веднаш бил пренесен во болница.

- Лицето И.И. управувајќи мотор „хонда цв 600“ излетало од коловозот, при што се здобило со тешки повреди. Имал скршеници на рацете и на нозете по што бил префрлен во болницата „8 Септември“ во Скопје - изјавија од СВР-Велес.

Полицијата извршила увид.

Фото: Телеграф