Газдите кои бараат работниците да вратат дел од платата, кривично ќе одговараат

Зголемен станадардот  на речиси 90 илјади граѓани, кои од септември земаат повисока минимална плата . Законски утврдениот  минималец од 12 илјади денари,  мора да се почитува.

Во спротивно, работодавачот кривично ќе одговара, вели министерката за труд Царовска.   Сепак, неколку компании ги терале работниците да им вратат дел од парите, што е недопусливо. Кражба на работнициите не смее да има, вели Царовска.

- Инпекторите се постојано на терен. По пријава на вработените, кај 5,6 компании утврдено е дека газдите ги терале работноците да вратат дел од парите. Истите се дисциплинирани, Ова не смее да се случува, затоа што е и кривично дело. Работниците мора да се стимулираат да ги пријавуваат газдите ако се криши законот, изјави Мила Царовска, министер за труд и социјална политика.

За зголемување на минималната плата Владата првично обезбеди 1,5 милион евра месечно, со цел финансиски да ги стимулира компаниите.. Но само мал дел од нов аплицираа за ваквата помош. Дел затоа што веќе користеле некоја субвенција од државата,  дел затоа што имале поголем профит  од утврдениот, но дел и затоа што се плашат од инспекции и казни.

Царовска вели дека се зголемува свеста  кај работниците за своите права. Вработените не се плашат веќе да пријават мобинг на работното место. Претсавките по овој основ, постојано растат. Очекува оваа година  поголемиот дел од вработените да имаат зголемен  стандард, со повисоки плати,  да има нови вработувања , кои ќе придонесат и за пад на сиромаштијата во земјава.