Гасен пиштол пронајден кај малолетник во автобус

Пред поликлиника Бит Пазар вчера околу 19 часот полициски службеници извршиле  контрола во автобус кој сообраќал на релација Транспортен Центар-Бит Пазар.

-При преглед кај 15-годишник од Скопје, бил пронајден еден гасен сигнален пиштол марка „ЕКОЛ“ калибар 9 мм и една рамка за пиштол без муниција, информираат од полицијата.

Малолетникот бил приведен во полициска станица за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот, против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава.