Во рамки на „Европската недела на мобилност“ (ЕНМ) која оваа година се организира на тема „Пешачи со нас – Сигурно пешачење и возење велосипед“, денес во автобусите на ЈСП продефилираа суперхерои кои имаа цел да ги поттикнат граѓанит за да ги променат навиките и почесто да користат активни начини на движење или да го комбинираат пешачењето и возењето велосипед со користење на јавниот транспорт.
Организатор на настанот е невладината организација „Македонски зелен центар“ во соработка со Градот Скопје.