На булевар Илинден веднаш до СЦ „Борис Трајковски“ е лоциран новиот забавен адреналински парк „Мега“. Забавниот парк нуди над 20 возења, од кои 10 се адреналински атракции, 10 фамилијарни возења, како и неколку интерактивни реквизити. Работното време на паркот од понеделник до четврток е од 17 до полноќ, во петок до 1:00, сабота и недела од 10 до 1.