Гала концерт на врвни млади музички уметници „летај песно“ во МНТ

На 21 април во Македонскиот народен театар во Скопје ќе се одржи гала концерт на врвни млади музичари кои  на присутните ќе им подарат моменти на уживање со мелодиите на едни од најпознатите светски музички дела подготвени за камерен оркестар, од страна младиот уметник Вејчеслав Поповски, а интерпретирани во едно ново издание, обоено со фантазијата на млади уметници на една прекрасна Гала вечер.

Се’ започна од идејата на младиот нескротлив дух на овие млади уметници кои веруваат во својот потенцијал и во идејата дека заслужуваат можност да ни покажат со што ние треба да се гордееме.

Солисти на вечерта ќе бидат: Тијана Димова, Вејчеслав Поповски, Анастасија Аврамовска, Ени Вучидолова и Бојан Ефтимов, концертот е со почеток во 20 часот.