Фурнарини за 1 минута (посно)

Состојки:

готово тесто за пица

маргарин или масло за готвење

сол

оригано

други зачини по вкус

Начин на подготовка:

Готовото тесто за пица оставете го да се одмрзне. Пред да го купите проверете дали е посно според составот.

Исечете го на линии.

Потоа премачкајте го од двете страни со маргарин или масло за готвење.

Одозгора наросете ги зачините.

Ставете го во сад за печење и печете по вкус во загреана рерна.