Фото: Тешка сообраќајка во Аеродром - сообраќајот во прекин

Тешка сообраќајка се случи околу пладне на булеварот Јане Сандански во скопската населба Аеродром. Според информациите од терен во моментов е блокиран сообраќајот од Аеродром во правец кон Центар.

Според првичните информации учесниците во сообраќајната незгода поминале со полесни повреди. Во моментов екипи на полицијата се на терен и вршат увид.