Фото: Скопје ги исклучи светилките и испрати силна порака

Градот Скопје вчеравечер беше дел од глобалната акција „Часот на планетата Земја 2017“ и во времетраење од еден час го исклучи осветлувањето на неколку објекти и локации во центарот на градот.

Во периодот од 20:30 до 21:30 часот Градот Скопје го исклучи осветлувањето на плоштадот „Македонија“ со спомениците, Камениот мост, Скопската тврдина Кале, Мостот „Око“ и на Мостот на уметноста.

Вчеравечер, поддржувачите на акцијата „Часот на планетата Земја 2017“ ширум светот со симболично исклучување на светилките во времетраење од еден час испратија силна порака за спас на планетата и за намалување на климатските промени.

Оваа светска манифестација е поддржана од организацијата WWF и се спроведува во 170 држави ширум светот.