Фото: Симон Трпчевски го расплака Стокхолм - „Ова е за сите настрадани од поплавите!“

Својот вечерашен настап со Кралската филхармонија во Стокхолм, Симон Трпчевски го посвети на настраданите од поплавата во Скопје. 

И ние неколкумината скопјани, што случајно се најдовме во публиката, со право бевме допрени: од големото срце на Симон и од неговата неверојатна изведба на Рахманинов. Браво маестро! - напиша Винка Саздова за својот ФБ профил.