Скопје и зимава ќе диши загаден воздух. Прашање на време е кога мерните станици ќе почнат да покажуваат згоелема вредност на честички во воздухот.
Дека профитот е пред здравјето на граѓаните говорат и последните низа фотографии кои ги објави фејсбук страната „Скопје мора да дише“, а на кои се гледа дека локацијата кај поранешниот „Скопски саем“ е целосно опустошена, а дрвјата се исечени. Комплексот се наоѓа на неколку километри од центарот на Скопје и планирано во него да се изградат нови станбени и деловни згради.