Фото: Пожар пред хотелот Александар Палас

Пожар избувна вчера пред хотелот Александар Палас. Противпожарната служба веднаш пристигнала на терен и започнала да работи на гаснење на пожарот. Како што информира командантот на противпожарната служба запалена е жива ограда пред хотелот. Полицијата исто така пристигнала на терен за да ги утврдува причините за пожарот. Пожарот веднаш бил ставен под контрола.