Фото: Граѓаните ја преименија општината Ѓорче Петров во „Скопски Чернобил“

Со пораки како „Сакаме да дишиме“ и „Ново Село – скопски Чернобил“, Граѓаните на скопско Ново Село и околните населени места како Ѓорче Петров и Волково, вчера излегоа на протест револтирани од отпадот кој се депонира во близина на нивните живеалишта.

„Протестот е против неконтролираното депонирање на отпад со камиони на оваа депонија додека рампите се кренати. Оваа депонија се наоѓа до реката Лепенец, во близина на сливот со реката Вардар. Со тоа оваа депонија нема влијание по здравјето само на ѓраѓаните од Ѓорче Петров туку и на ѓраѓаните на Карпош, Влае, Бардовци и Злокуќани. Ова е проблем на град Скопје“, стои во пораката напишана на фејсбук страницата „Скопје се гуши“.

Организаторите на протестот бараат депонијата итно да биде расчистена и надлежните да забранат секаков пристап до неа за одложување отпад.