ФОТО: Борко Ристовски и Марко Мишевски го одработија првиот тренинг во Вардар

Новите засилувања Борко Ристовски и Марко Мишевски го имаа првиот тренинг со екипата на Вардар.

Двајцата се нови играчи во црвено-црниот табор, Ристовски се врати во клубот каде претходно настапуваше.

Ристовски и Мишевски се големо засилување за Вардар за финишот на сезоната во која се бранат три круни, Европската клупска, СЕХА и во домашното првенство.

 

ФОТО: РК ВАРДАР