Фитнес исхрана

За да можете квалитетно да вежбате потребна ви е енергија која доаѓа од храната,односно потребно е квалитетно да се храните пред било какви физички активности и исто така соодветно да се храните после вежбањето.

Правилна исхрана за вежбање

Количеството на храна која е потребна ќе се разликува во зависност од возраста,полот,тежината и нивото на активноста.

Степенот на согорување на калориите не зависи само од видот на рекреацијата која ја применувате ,туку и од тоа колку енергија трошите.

Калориите поделете ги на јаглехидрати,протеини и масти:

Јаглехидрати

Шеќерот и скробот во организмот се разградуваат на гликоза која мускулите ја користат како енергија. Вишокот на јаглени хидрати се чуваат во ткивото на црниот дроб како гликоген и  се  ослободува кога е потребно.

Гликогенот ја овозможува енергијата за интензивни активности и ја продолжува издржливоста. Одличен извор на јаглени хидрати се :житарките,интегралните производи,зеленчукот,оризот и тестенините.

Протеини

Протеините треба да се составен дел на сите три основни оброка,бидејќи ќе ја забават апсорпцијата на јаглените хидрати. Риба, јајца, пилешко,месо и мешунките се одличен извор на протеини.

Масти

Исто така во исхраната ви се потребни и мастите. Млечните производи со помал процент на млечни масти ќе ви дадат доволно добри масти кои се потребни за дневните активности.

Пробајте да ги комбинирате сите три групи производи во главните оброци.

Здрав и добар појадок можете да направите од житарки и млеко или јогурт со помалку масти и чаша свежо цеден сок или со делови овошје. Најлесен ручек кој можете да го направите е сендвич со посно или месо од живина, риба, интегрален леб, со свеж зеленчук и овошје од страна. Протеините во енергетските стапчиња може да бидат корисни, но не ги употребувајте како замена за оброк.

Планирање на оброците и ужините

Ако наутро вежбате и не појадувате претходно,искористете ја целата складирана енергија. Ако сепак таквиот начин ви одговара, потрудете се сепак пред вежбите да изедете свежо овошје.

Доколку планирате интензивен тренинг, изедете оброк кој ќе биде богат со јаглени хидрати, најмалку три до четири часа пред активноста. Одберете храна која полесно се вари. Експериментирајте со храната за да ја откриете онаа која најмногу ви одговара.

Течности

Посебно е битно да пиете многу течности пред, во текот и после физичката активност. Доколку имате интензивни тренинзи пробајте да пиете дури и ако не сте жедни.

Водата е најдобар избор за секоја активност. Ако интензивно вежбате 90 минути и подолго, пробајте да ги пиете спортските пијалоци кои содржат електролити и јаглени хидрати. Сепак, спортските пијалоци се направени за луѓе кои се издржливи во текот на долгите активности. Сигурно не и се потребни на просечните личности.