Филипче: 25 нови лица дијагностицирани со корона вирусот, 1 починат и 5 излечени

Пет пациенти се испишани од лекување од Клиниката за инфективни болести,  вкупно 59 пациенти се хоспитализирани на клиниката, од кои 12 се со потешка. Ова на денешната прес конференција го истакна Министерот Филипче. 

Пациентка на 65 години е новиот смртен случај кој е регистриран од страна на државните власти.

Во изминатите 24 часа се регистирани 25 нови случаи од кои најголемиот број во Скопје и со ова вкупната бројка е 350 лица кај кои е дијагностицирано присуство на Корона вирусот.