Филипче: 15 семејства ја носат 90% од вкупната бројка на заразени

На денешната прес конференција Министерот Филипче истакна дека 15 семејства ja носат 90% од бројката на заразени, што значи дека болеста се шири во неколку тесни кластери.

Тој истакна дека станува збор за втор бран на вирусот и зголемениот број на заразени е очекуван со оглед на тестирањето кое се применува во изминатиот период, и на таа сметка е намален број на тестови како дел од скринингот.

Вирулетноста на вирусот слабее, а тоа го покажува фактот дека се повеќе има пациенти кои се асимптомачни или без никакви симптоми, додаде Филипче.