Фестивал „Индија“ во сабота, во Градски парк – Школка, во чест на Меѓународниот ден на јогата

Здружението за промоција на индиската култура „Пријатели на Индија“ од Скопје во чест на Меѓународниот ден на јогата ќе биде домаќин на фестивалот „Индија“ што ќе се одржи на 24. јуни 2017 година (сабота), во Градски парк - Школка, од 9:00 – 15:30 часот.

Ќе бидат претставени различни уметнички и јога вештини од богатството на културните традиции на Индија кои поради својата вонвременска димензија се актуелни и живеат и во современиот свет на сите континенти и во сите нации.

На фестивалот во компилација со модерни елементи ќе биде претставено следното: киртан или популарна духовна музика со традиционални инструменти во изведба на Бада Харидас (САД), класичен Бхаратнатјам танц во изведба на Мина Паталенска (танцова школа Натараџа, Софија, Бугарија), уметничка презентација на индиски боречки вештини во изведба на Падма Лочана Хајдеман (Шведска), јога за деца (Јога студио Вриндарани, МК), јога арт презентација (108 Куќа на јогата, МК), креативна детска ликовна работилница, Мандала арт графити (Христијан Младеновиќ, МК), Henna body art работилница (Стела Христова Сачи, Бугарија), дегустација на вегетаријански специјалитети, индиски базар, Chill out India DJ set (Joe the Glow, MK). 

Специјален гостин на настанот е патувачкиот монах Индрадјумна свами (САД) кој накратко ќе презентира вредни суштини од древната индиска мудрост. 

Во рамките на фестивалот „Индија“ исто така ќе биде одбележан и Меѓународниот ден на јогата со јога протокол и медитација во соработка со Индиската амбасада од Софија и повеќе јога друштва.