Феноменално домашно Тоблероне готово за 15 минути

Брзо и вкусно домашно Тоблероне готово за 15 минути.

Состојки:

250гр маргарин

3 јајца

300гр шеќер

200гр чоколадо

2 лажици какао

100гр пржен сусам

100гр пржени несолени кикирики

200гр мелени бисквити

100гр чоколадо за прелив

неколку капки масло

Подготовка:

Загрејте го маргаринот и почекајте да се стопи. Јајцата и шеќерот измешајте ги и додадете ги во маргаринот

Гответе додека шеќерот не се стопи, додадете го какаото, чоколадото, полека, мешајќи додадете ги кикириките, бисквитите и сусамот. Тавчето или калапот намачкајте го со неколку капки масло и сипете ја топлата смеса. Почекајте да се стегне, па ставете го чоколадниот прелив. Потоа исечете на парчиња и послужете.