Феноменална диета која за брзо време ќе ве врати во форма

Ако барате здрав и ефективен начин да изгубите некој килограм вишок, тогаш ќе ја обожавате оваа диета. Навистина е успешна затоа што се работи за внесување на калории кои ќе ви ја дадат потребната енергија за да го протуркате денот, а не само празни калории.

А најдобриот дел е тоа што оваа диета вклучува и изобилство од вкусни наминици. Летото почна, но се уште имате време за да бидете фит за на плажа.

Препораки:

Следете ја оваа диета во период од три дена, па паузирајте две недели. Потоа пак повторете.
Немојте да пиете алкохол за време на диетата.
Не додавајте шеќер или крем во кафето.
Ако не ви се допаѓа путерот од кикирики, можете да го замените со путер од бадеми, семки од тиква или хумус.

Прв ден

Доручек:
½ грејпфрут
1 шолја кафе
Парче тост со путер од кикирики

Ручек:
½ туна
Парче тост
Вода и црно кафе или чај

Вечера:
85 грама месо по желба
1 чинија зелен грашок
½ банана
1 мало јаболко
1 чашка сладолед од ванила

Втор ден

Доручек:
Парче тост
Едно цело јајце
½ банана

Ручек:
1 чинија сирење или парче кашкавал
1 варено јајце
4 кракери

Вечера:
2 колбаси
1 чинија брокула
½ чинија моркови
½ банана
½ чашка сладолед од ванила

Трет ден

Доручек:
5 крекери
Парче кашкавал
1 мало јаболко
1 шолја кафе

Ручек:
Парче тост
1 варено јајце

Вечера:
1 конзерва туна
½ банана
1 чашка сладолед од ванила