Фантастична животна приказна: Секое утро имате два избора!

Џери е менаџер на еден ресторан. Секогаш е добро расположен. Секојпат кога некој ќе го праша како е, тој секогаш вели: „Да сум подобро, не би било добро!“

Многу од келнерите кои работеле во неговиот ресторан го напуштиле ресторанот кога тој ја променил работата за да го следат од ресторан во ресторан. Зошто? Џери секогаш знаел како да ги мотивира луѓето. Ако некој од колегите би имал лош ден, Џери секогаш бил покрај него за да го охрабри и да му укаже на позитивните страни во целата ситуација. Набљудувајќи го целиот овој процес, во мене се појави љубопитноста. Еден ден отидов кај Џери и го прашав:

„Навистина не ми е јасно... Никој човек не може цело време да биде позитивен! Како ти успева тоа?“

Џери ми одговори: „Секое утро се будам и си велам: „Денес имаш два избори: добро или лошо расположение“. Секојпат го избирам доброто расположение. Секојпат кога ќе се случи нешто лошо можам да изберам дали да бидам жртва или да научам нешто од тоа. Јас секогаш го одбирам учењето. Кога некој ќе дојде и ќе почне да ми се жали, можат да ја прифатам неговата жалба или можам да ја истакнам позитивната страна на животот. Секогаш ја избирам позитивната страна на животот.“

Јас му реков: „Ама тоа не е секогаш така лесно.“

Џери ме погледна и ми рече: „Да, лесно е. Сѐ во животот се врти околу изборите. Кога решаваш разноразни глупости, сѐ е прашање на избор. Бираш како ќе реагираш на ситуацијата. Бираш како другите ќе влијаат на твоето расположение. Го одбираш доброто или лошото расположение. Ти избираш како ќе го живееш животот.“

По неколку години, слушнав дека Џери случајно направил нешто што во неговата работа никако не смее да го направи. Ја оставил задната врата од ресторанот отворена. Во него влегле три вооружени мажи. Додека Џери се обидувал да го отвори сефот, тресејќи се од страв, не успевал да ја погоди шифрата. Еден од разбојниците испаничил и пукал во него. За среќа, бргу го пронашле и го однеле во болница. После долга и тешка операција, Џери беше подобар. Се сретнав со него шест месеци после случката.

Кога го прашав како е, ми одговори: „Да сум подобро, не би било добро! Сакаш да ми ги видиш раните?“

Секако дека кажав не, но го прашав за што размислувал за време на грабежот.

„Прво што ми прелета низ глава беше дека требаше да ја заклучам задната врата. Кога ме погодија, додека лежев на подот, се сетив дека имам два избора: Да живеам или да умрам. Одлучив да живеам.“

Јас му реков: „Зарем не ти беше страв?“

Тој продолжи: „Болничарите беа одлични. Цело време ми велеа дека сѐ ќе биде во ред. Но, кога ме внесоа во болничкатакола и кога им ги видов изразите на лицата, се исплашив, бидејќи изразот во нивните очи кажуваше: „Овој човек е веќе мртов“. Знаев дека е време за акција?“

И јас го прашав: „Што се случи?“

„Е па во колата имаше една крупна медицинска сестра која цело време ме прашуваше нешто за да останам свесен и буден. Ме праша дали сум алергичен на нешто. Мојот одговор беше: „Да, на куршуми.“ И сите почнаа да се смеат. Додека се смееја им реков: „Одбирам живот. Ве молам однесувајте со мене како да сум жив, а не мртов.“

Џери преживеал благодарејќи на одличните доктори, но и поради неговиот неверојатен став. Од него научив дека секој ден имаш избор: Да уживаш во животот или да го мразиш.

Единствена работа која е само твоја, која никој освен тебе не може да ја контролира, е твојот став.