Фамозно високи 1,6 милион евра за чист воздух во буџетот за 2020 година

Во буџетот за следната година се предвидени 100 милиони денари за борба против аерозагадувањето, кажа премиерот Зоран Заев на прес-конференција во Владата за презентација на буџетот. Дополнително, тој рече дека од ЕСМ ќе бидат обезбедени 10 милиони евра за субвенции за инвертори.

Но, како што кажа Заев, овие суми се само дел од вкупните средства предвидени за справување со загадувањето на воздухот, бидејќи министерствата во своите посебни буџети имаат предвидено средства за таа цел.