ЕВН најави исклучување за утре во Скопје

Делови од општините Илинден, Ѓорче Петров, Шуто Оризари и Сарај утре во различни периоди од денот ќе останат без електрична енергија.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи по известување од ЕВН Македонија во периодот од 08.30 до 14.30 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците од Бунарџик, Пат за Бунарџик, како и објектите на Амајлија, Гранд и Завар во општина Илинден.

Во периодот од 9 до 12 часот без електрина енергија ќе останат корисниците од ул.„2“, „4“, „6“, „8“ и „14“ во Кисела Јабука во Ѓорче Петров, од 9 до 13 часот, дел од корисниците од ул.„Че Гевара“ во Шуто Оризари, а од 09.30 до 15.30 часот дел од корисниците од село Бојане во општина Сарај.