Еве какво време не очекува оваа работа недела

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, во раните утрински претпладневни чсови ќе има локален слаб дожд во западните делови. Ќе дува умерен, а во западните подрачја повремено засилен ветер од југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од еден до шест степени, а дневната максимална од девет до 21 степен.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во среда. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од јужен правец.