Еуровизионери: Македонија - рекордер по бројот на учество само во квалификациите од Евровизија

Петта година по ред Македонија со својот преставник учествува само на квалификациската вечер од Евровизија и со ова таа е рекордер во оваа бројот. Текст со ваков наслов викендов објави популарниот евровизиски портал Еуровизионери.

На овогодинешната втора квалификација вечер Азербејџан и Романија остварија учество во финалето, додека Македонија застана тука, пишува порталот.

Понатаму во анализата се вели дека Македонија учествува на престижното европско натпреварување од 1998 година кога на бината настапи Владо Јаневски и тогаш Македонија се пласираше на деветнаесетто место, додека најуспешен настап до сега имаше Елена Ристевска.

Текстот завршува со констатација дека песната на Јана Бурчевска добро котирала во евровизиските кругови, но настапот самата вечер го засенил првичниот впечаток.