Есенски активности кои морате да ги испробате!

Нема збор за тоа дека есента е едно од најпрекрасните годишни времиња, а есента е веќе пред нашиот праг. Есен е време во кое боите оживуваат, се е некако помирно, но и дава повеќе можности да уживаме во ситните задоволства на животот.

Денес ви даваме неколку интересни работи кои можете да ги правите оваа есен. Повеќето од нив се мали работи кои лесно можете да ги направите, а ќе придонесат за вашето добро расположение.

  1. Соберете ги пријателите и отидете на некој есенски музички настан.
  2. Отидете во некоја од нашите прекрасни локални винарии. Обично и природата е прекрасна.
  3. Направете пуканки и изгаснете ги светлата. Уживајте во вашите омилени хорор филмови.
  4. Отидете и посетете некоја напуштена или легендарна куќа за која се вели дека е опседната или дека во неа се случуваат чудни работи. Секој град има барем по една таква.
  5. Ммм... варена тиква.
  6. Направете вкусна пита од јаболка. Совршен десерт за есенските денови.
  7. Ослободете еден викенд и отидете на планина.
  8. Соберете го друштвото и поминете една вечер раскажувајќи страшни приказни.
  9. Отидете на планинарење. Започнете со некој помал зафат.
  10. Направете некои прекрасни есенски слики... или есенски селфиња.
  11. Обидете се со кампување. Зошто да не?
  12. Отидете во некое село во коешто не сте биле досега. Нема ништо поубаво од есенски свеж воздух во село.
  13. Скокнете во куп од есенски лисја. Разбудете го детето во себе.
  14. Организирајте пикник.
  15. Започнете да пишувате книга. Никогаш не се знае каде ќе ве одведе тоа.
  16. Исчистете и средете го плакарот.
  17. Започнете дневник. Есен е прекрасно време за тоа.
  18. Преуредете ја вашата соба.
  19. Почнете да ја читате книгата на која одамна и го имате фрлено меракот и читајте заедно со топло чоколадо покрај вас.
  20. Почнете да го планирате зимскиот одмор!