Шпанскиот заводник Енрике Иглесијас на македонски јазик наздрави со публиката на синоќешниот концерт во ВИП-арената „Борис Трајковски“.Во текот на концертот тој повеќе пати се качи на трибините, застана на оградата, и се поздравуваше со среќните фанови.
- Ти благодарам, Македонијо. Сакам да се преселам во Скопје - рече Енрике.
Од „Авалон продукција“, организатор на концертот, велат дека вчера во арената имало 10.000 луѓе. Во публиката имаше фанови од Скопје, но и од другите градови од Македонија. Партерот беше преполн, а на трибините имаше само понекое слободно столче.
Видео: Телеграф