Економични, кремасти и вкусни - празнични салати за сечиј џеб

Ако сакате нешто поразлично од руска и пилешка еве неколку брзи и економични рецепти  за салати за Нова година и Божик.

Брза салата

За празниците со неколку состојки направете нови вкусови во вашата кујна. 

СОСТОЈКИ:

1-2 лажици мајонез

4 лажици павлака

50 гр шунка

100 гр трапист или друг тврд и полномасен кравји кашкавал

1/4 главица зелка

сол

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Зелката ситно се сече, се сече поситно и трапистот, а шунката се ренда.

Се става во сад, се додава малку сол и се меша заедно со мајонезот и павлаката.

Оладете пред служењето, а одозгора декорирајте по желба.

Француска салата

СОСТОЈКИ:

4 изрендани кисели јаболка

4 изрендани моркови

8 варени и изрендани јајца

кашкавал или сирење по избор

посен мајонез

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Во чинија редете ги состојките – првиот слој треба да биде од јаболка, потоа јајца, па моркови, и на крај сирење.

Секој слој премачкајте го со мајонез, освен последниот. Сирењето треба да ја краси салатата.

Оставете ја салатата да отстои во фрижидер два до три часа.

Шарена салата 

СОСТОЈКИ:

4 компири

3 моркови

4 јајца

200 гр шунка

120 гр кисели краставички

200 гр мајонез

200 мл кисела павлака

малку бибер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Компирите се мијат, па се варат со лушпата, потоа се цедат и се ладат. Се лупат и рендаат од крупната страна на рендето.

Морковите се лупат и обаруваат, па исто така се рендаат на ренде.

Киселите краставички и шунката исто така се рендаат, заедно со варените јајца.

Во чинија се соединуваат сите состојки, па се додаваат мајонез, павлака и бибер по вкус.

Полека се меша за да се добие хомогена смеса. Ставете ја да отстои во фрижидер и потоа послужете ја салатата.

Во продолжение погледнете уште неколку новогодишни рецепти:

Руска салата на македонски начин (фото)

Домот нека замириса на месено: Брзи и меки кифлички (видео)

Малку време, пари и труд: Рецепт за едноставен и брз колач (видео)