Еколошки час во ООУ „Браќа Миладиновци“

Европската недела на мобилност денеска беше одбележана во ООУ „Браќа Миладиновци“, каде што се одржа еколошки час.
Учениците од петто одделение се запознаа со целите и придобивките на одржливиот транспорт, а пред сè, од возењето велосипед и пешачењето.

Европската недела на мобилност, која трае од 16 до 22 септември, се одржува под мотото „Пешачи со нас“. Целта е да се промовираат придобивките од безбедно одење и велосипедизам, како и да се спроведат мерки за подигнување на безбедноста кај најмладите.

Во рамките на оваа европска иницијатива, утре, петок, дечињата од детската градинка „Срничка“ ќе пешачат по кејот на реката Вардар, при што ќе се едуцираат за придобивките од пешачењето.