„Ехо од далечното минато“ по 6-ти пат во Капан Ан

Капан Ан, во Старата скопска чаршија, вечерва по 6-ти пат ќе ја угости забавата „Ехо од далечното минато“. Публиката ќе има прилика да се забавува со македонските музички хитови од 90-тите, како и странски евергрини. Традиционално настанот се одржува во дворот на Капан Ан под отворено небо. Вечерта публиката ќе ја забавуваат 4 познати македонски диџеи, Гоце САФ, Чваре, Ненад (Green Out) и HyperTech, а специјален гостин на вечерта ќе биде Андреј Мицајков.

Одлична прилика со добра забава да ја започнете неделата која за наша среќа ќе има еден помалку работен ден, кој за воља на вистината е токму утре. Па така, од забавате ќе имате прилика добро да се одморите. Стартот на забавата е на полноќ, а влезот се наплаќа 100 денари до 1 часот, за подоцна да биде 150.