Едноставни навики кои ќе ви го намалат стресот за време на пандемијата со коронавирусот

„Вчера бев паметен па сакав да го сменам светот. Но, денеска сум мудар и сакам да се променам себеси”.

Ова се мали навики кои полека можете да ги примените во своето секојдневие, а кои имаат огромна моќ да ви помогнат да се смирите и да го намалите стресот.

Исклучете го телефонот кога одите на спиење

Според едно истражување, дури 80% од луѓето го проверуваат својот мобилен уред во првите 15 минути по будењето. Ако сте еден од нив, треба да престанете да го правите тоа. Колку е убаво чувството кога спиете без прекини, а ќе се разбудите со 0 известувања. 

Проверувањето на телефонот прво нешто наутро го зголемува нивото на стрес и го истоштува вашиот ум уште рано наутро. Затоа, најдобро е да го ставите телефонот на airplane mode, да се разбудите, да се освежите, па дури потоа да ги проверите известувањата.

Истегнување секое утро

Голем дел од луѓето кои ја применуваат оваа навика ја започнале бидејќи немале многу избор. Често, по будењето и станувањето од кревет се чувствуваме како да нè боли целото тело и тоа предизвикува голема вкочанетост кај многумина.

Не ви е потребна никаква опрема, ниту пак премногу време да го направите тоа. Само неколку вежби, кои ќе ве освежат наутро, а и ќе ја зголемат вашата флексибилност.

Практикувајте благодарност

Доволна е само една реченица во текот на денот која ќе си ја запишете некаде или ќе си ја кажете себеси. Запрашајте се зошто сте благодарни, што ве прави среќни и кои се убавите мали нешта во вашиот ден. Тоа ќе ви помогне да бидете позитивни.

Не брзајте никаде

Ова е период кога многу работи се во мирување, а тоа  е добра шанса да здивнете. Не си поставувајте превисоки цели, не ја бркајте среќата постојано. Слушајте го своето тело и направете го тоа што мислите дека му е потребно во моментот. 

Спијте 8 часа во текот на ноќта, вежбајте доволно, но не до истоштување, јавете им се на оние коишто сакате да ги слушнете.

Вежбајте

Сите сме мрзеливи понекогаш, но овој период имаме повеќе слободно време и можности од вообичаено. Воспоставете практика да вежбате барем 20-30 минути во текот на денот. Раздвижете го своето тело. Докажано е дека физичката активност значително го подобрува расположението и го намалува стресот.