Едно прашање кое Стив Џобс си го поставуваше секое утро

Дали некогаш сте замислени во текот на возењето и потоа се прашувате себеси како сте стигнале до крајната дестинација така брзо? Многу често, така минуваме и низ животот, притоа губејќи вид на нашите желби и цели. Но, не мора да биде така.

Успешниот Стив Џобс кој живееше живот со цел, научил да преземе контрола над својот личен и професионален живот со тоа што себеси секој ден си поставувал едно исто прашање.

Ако денес е последен ден од мојот живот, што би сакал да направам за тоа денес?

На прв поглед, ваквото прашање како прво нешто наутро може да биде тешко за секој од нас. Но, во пракса тоа е тоа што ни дава мотивација да функционираме успешно и да бидеме оптимистични за тоа како можеме да се подобруваме себеси секој ден.

Како може да ни помогне ваквото прашање?

1 – За почеток, ова прашање ќе ни даде одговор за тоа што сакаме да правиме, а што не во нашиот живот. Често, нашиот распоред е исполнет со работи на кои се посветуваме, кои ни одземаат многу енергија а кои и не мора да ги правиме. И, додека се освестиме, веќе е вечер и не сме постигнале ништо пособно.

2 - Неговата техника може да ни помогне да се фокусираме на нашите силни страни и да откриеме што можеме да постигнеме. Со свесноста за тоа што го правиме, можеме да откриеме и во што сме добри и што ни оди подобро од нешто друго. Така, имаме поголема шанса да го откриеме својот талент и да се насочиме себеси кон нешто што ни одговара и ќе ни донесе среќа.

3 – Можете да ги следите своите постигнувања. На тој начин, ќе станете свесни за вашата продуктивност и ќе можете да измерите колку се вложувате во тоа да бидете среќни и успешни.

4 – Ќе станете помотивирани, бидејќи ќе бидете свесни како тоа влијае на вас, од ден на ден. Ваквата мотивација ќе ве направи посвесни од најсилното кафе на светот. Поминете неколку минути наутро фокусирајќи се на позитивните промени кои сакате да ги направите во текот на денот за да останете мотивирани.