Едно лице загина, уште три повредени во тешка сообраќајна несреќа која се случила рано утринава

Како што известуваат од полицијата, на магистралниот пат Прилеп-Битола во близина на с. Српци утрово, во 04:30 часот, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „бе-ем-ве“, со охридски регистарски таблички, управувано од А.Р. (42) од Охрид и патничко возило „киа соренто“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.К. (25) од Скопје.

Во незгодата возачот на возилото „бе-ем-ве“, А.Р., починал на самото место, додека со тешки телесни повреди се здобила Р.С. (36) од Охрид, сопатничка од истото возило, а вториот сопатник во возилото Е.С. (41) од Охрид се здобил со телесни повреди. Исто така, со телесни повреди се здобил и возачот на автомобилот „киа соренто“, Т.К.

Од страна на СВР-Битола на местото на настанот бил извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот.