Едно лице потешко повредено во сообраќајка во Скопје

На 20.05.2020 околу 18:00 часот на крстосница од бул.„Кузман Јосифовски Питу" со ул.„Владимир Комаров" во Скопје се случила сообракајна незгода помеѓу товарно возило „ивеко" со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Т.(49) од Скопје и мотоцикл „пиаџо" со скопски регистарски ознаки, управуван од С.Т.(43) од Неготино.

По незгодата С.Т. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза" каде му биле констатирани тешки телесни поврди.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.