Едно е сигурно: Кога силната жена ќе си замине, таа никогаш не погледнува назад

Без оглед на тоа дали станува збор за врска или пријателство, силната жена умее да сака. Таа може да направи да се чувствувате посебно, како да сте центар на светот. Кога силната жена сака, таа сака со целото свое срце и може да помести планини за вас. 

Но, кога таа ќе реши да си замине и да се откаже од една врска или пријателство, тоа ќе го направи тивко. Нема да биде гласна, нема да се обвинува себеси, нема да ве тера да бидете со неа. Таа може без секого.

Силната жена знае дека не треба да се бори и да граба за нечија љубов. Не мора да се објаснува и докажува. Таа ќе ви каже или покаже еднаш, два пати, но веќе никогаш повеќе. Нејзиното срце можеби ќе биде скршено и можеби ќе и биде тешко, но таа ќе замине и никогаш нема да погледнете назад.

Затоа, не ги тестирајте нејзините граници.

Таа знае дека никогаш не треба да се моли за љубов и внимание, дека љубовта треба да е едноставна и лесна. Таа е жена која разбира дека само вистинските луѓе остануваат во нашите животи и сите други се само минливи. Таа нема да пати долго за некој кој не знае да ја цени нејзината добрина.

Оваа жена е уморна од докажувањата и нема да зборува премногу кога ќе реши да замине. Тогаш ќе знаете дека веќе навистина сте претерале.

Силната жена е храбра да остави позади себе луѓе кои не и даваат онаква љубов и поддршка каква што им дава таа и таа има доволно сила во себе за да сака повторно. 

Едно нешто е сигурно: кога оваа жена ќе каже збогум, таа никогаш веќе нема да погледне назад.