Едни за, а други против - ќе се уништи ли шмекот на Градскиот парк, ако се дислоцираат дискотеките?

Неодамна советот на Град Скопје донесе одлука за проектирање на нов забавен парк во кој планирано е да има и панорамско тркало. Како што истакна Никола Гаџовски раководител за секторот за урбанизам во забавниот парк ќе има 20 нови реквизити, а ќе бидат вградени и тие што биле претходно набавени.

Тој додал дека за потребите на паркот, ќе бидат комплетно дислоцирани сите летни дискотеки. Доколку оваа најава се оствари, една од главните локации за ноќен живот во летните месеци за скопјани генерации наназад ќе отиде во историјата. Години наназад дискотеките на отворено во првиот дел на паркот се прв избор за ноќни излегувања на младите и места кои на многу генерации им будат убави спомени.

Скопјани се со поделени мислења, околу дислоцирање на дискотеките. Едни се гласни за ДА, а други уште погласни за ПРОТИВ.