Еднаш ќе сфатиш дека надворешниот сјај не е ништо во споредба со внатрешната убавина

Еднаш ќе сфатиш дека надворешниот сјај не е ништо во споредба со внатрешната убавина. 

Сѐ што е надворешно трае до првиот дожд. 

А она што е во нас засекогаш ќе грее. 

Понекогаш згаснува сѐ додека не стане едвај видливо жарче.

Но, доволно е со усните нежно да дувнеме и оганот полека повторно ќе се разгори и ќе нѐ стопли.

Еднаш ќе сфатиш дека сите тие изреки и афоризми кои си ги собрал од надворешниот свет се пусти и празни, иако се убави.

Тоа е само низа на зборови и ништо повеќе од тоа.

Важни се само вистините до кои самиот ти си дошол. 

Еднаш ќе сфатиш дека добрината, нежноста, прегратките и грижата се израз на внатрешна сила, а не на слабост.