Единствениот маж кој ве заслужува е оној кој ја знае вашата вредност!

Кога мажот љуби, тој се чувствува како најголемиот среќник на светов затоа што сте го одбрале баш него.

Кога сме сами и осамени, ни делува како сите други да се посреќни од нас. Исто како осамениот морнар пловиме по осаменичкиот живот, по масите за една личност во растораните и гледањето на цели сезони на некоја серија и тоа во само една вечер.

Во некои моменти, очајувањето е толку големо што речиси и можеме да го почувствуваме биолошкиот часовник како чука.

Иако е потполно нормално да проаѓате низ височини и падови, особено како сингл девојки во ова општество, тоа никогаш не смее да ви биде изговор за да ги погазите своите вредности и соништа и да се препуштите на човек кој воопшто не ве заслужува, само за да не бидете сами.

Кога иритантниот тип кој сте го запознале пред месец дена одеднаш ви стане интересен, тогаш запрете и прашајте се дали едноставно сте заслепени од осаменост. Затоа што многу е важно кому го подаруваме нашето срце и со кого ја градиме нашата иднина. Ако на видикот нема соодветна личност, тогаш подобро е да останеме сами.

Семејството не можеш да го бираш, но можеш да го избереш семејството кое ти ќе го изградиш во иднина.

 А нема ништо полошо од врзување со личност која не е  добра за вас. Ако не внимавате и си допуштите себеси да ги спуштате стандардите, се ставате во опасност да завршите со некој кој е отровен за вас и кој ќе ви биде само препрека во животот.

Затоа, иако се чувствувате малку тажно и потиштено заради фактот дека сте сами, треба да сфатите дека е подобро да бидете сами отколку со погрешниот човек. Со него би губеле само време и би живееле во постојани драми.

Единствената личност која ве заслужува вас и вашата љубов е личноста која ве разбира, која ја сфаќа вашата вредност и која ве сака толку многу што мисли дека сте најдобрата личност на светов. Тоа е мажот кој ви помага да го извлечете најдоброто од себе и се фали на сите дека е навистина среќен што баш вие сте го одбрале него.

Сега споредете го тој маж со тој што стои пред вас и прашајте се кого би одбрале и дали е тоа истата личност.

Зошто да се задоволите со помалку од тоа што го заслужувате?