Еден ден во животот на девојката која е пречувствителна...

Ако се разминеш со неа на улица, нема веднаш да забележиш. Нема да ги видиш раните кои се сведок на битките кои за малку ќе ги изгубеше.

Нема да знаеш за безбројните ноќи кога седеше на подот од својата бања, повраќаше, бидејќи мислеше дека само така ќе биде убава.

Вака однадвор, таа изгледа како среќна и здрава млада девојка. Можеби малку трапава, но со огромна насмевка.

Но, ако навистина ја знаеш, ќе знаеш дека првиот впечаток за неа врска нема со реалноста.

Ако ја запознаеш ќе дознаеш дека таа има премногу љубов за сите и сѐ... освен себеси. Таа ќе отиде до крај на светот за да им помогне на оние коишто ги сака, но многупати таа заборава да се сака себеси. Таа на сите им вели дека мора да се сакаат онакви какви што се, но заборава да си го каже себеси тоа.

Ако навистина ја знаеш, ќе знаеш дека се што сака во животот е да им помага на луѓето и да го подобрува животот на другите. Таа сака да биде позитивно влијание во животот на другите, но понекогаш го прави спротивното.

Нејзината неспособност да ги искаже своите чувства највеќе се гледа во односите со другите.

Таа од никаде-некаде се разгневува, одеднаш ја фаќа очај да најде најмал знак за љубов и се крши кога не може да ја пронајде. Таа се што сака е да припаѓа некаде, да пронајде место во кое ќе се вклопи, но сѐ уште се обидува да го пронајде тоа место. И поради ова, таа понекогаш ги повредува луѓето. И поради ова, луѓето понекогаш ја повредуваат неа.

Ако навистина ја знаеш, ќе знаеш дека болката која им ја задава на другите луѓе е случајна и доаѓа од нејзината неспособност да се справи со сопствените чувства и нејзината омраза кон самата себеси. Верувал или не, девојката која избувнува и те повредува е всушност девојката која те сака со цело срце и се мрази себеси секогаш кога ќе ги повреди луѓето што ги сака.

Таа не е луда поради тоа што се обидува да излезе на крај со самата себе. Таа всушност е многу силна и секој ден е сѐ посилна и секој ден таа се бори за својот живот.

Ако навистина ја знаеш, ќе сфатиш дека зборовите болат, изгледот лаже и немаш поим со какви работи луѓето се соочуваат секој ден.

Затоа ќе завршам со ова...

„Со знаењето доаѓа разбирањето, а со разбирањето доаѓа прифаќањето, а зарем тоа не е најнормалната работа на целиот свет: копнежот да се биде прифатен?“