Еден дел од стара Градска болница комплетно реновиран

Заврши првата фаза од реконструкцијата на одделенијата во Специјалната болница по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје (стара градска болница).

Третиот кат е целосно реновиран, а во моментов се реновираат првиот и вториот кат, информираат од Минстерството за здравство. Поставен е и нов лифт, за да се одвива непречено работата во болницата.