ЕБОР и ЕУ ја продолжуваат поддршката за МСП во Република Северна Македонија

Малите бизниси во Република Северна Македонија ќе бидат во можност да ја подобрат нивната конкурентност благодарение на пласирање на наменската програма на ЕБОР-ЕУ во земјата. Новата иницијатива комбинира кредитни линии, грантови за компаниите учесници и техничка помош. Промоцијата на програмата во Северна Македонија следи по претставувањето на истата во Косово, минатиот месец.

Во Република Северна Македонија, ЕБОР доделува €30 милиони на локалните банки кои понатаму ќе пласираат кредити на комерцијалните корисници. До сега во оваа програма се вклучени Шпаркасе Банка Македонија, Охридска банка СГ и Комерцијална банка. Средствата ќе бидат проследени со пакет на техничка помош и стимулативни грантови, во износ од €4.5 милиони, од ЕУ националниот Инструмент за пред-пристапна помош (Instrument for pre-Accession Assistance-IPA).

МСП ќе можат да ги користат фондовите за подобрување на нивните производни капацитети и да ги зајакнат процесите и квалитетот на производите преку воведување на ЕУ стандарди за заштита на човековата околина, безбедно производство, квалитет и слично.

Малите бизниси се основа на националната економија и тие вработуваат 80% од работо-способното население. И покрај нивното економско значење, малите бизниси продолжуваат да се соочуваат со пречките во нивниот развој, често пати со тешок пристап до финансирање и советодавни услуги.

Анка Јоана Јонеску, Претставник на ЕБОР за Северна Македонија ијзави: ,,Ни претставува задоволство што Програмата за поддршка на конкурентност на МСП е достапна за МСП во Северна Македонија. Подобриот пристап до финансирање и советодавни услуги ќе им овозможи на бизнисите да го подобрат нивното работење и конкурентност.”

Јанмат Фрик, Раководител на проекти, ЕУ Северна Македонија изјави:,, Потребно е да има диверзификација на пристапот до финансии преку комбинација на традиционално банкарско кредитирање, стимул и трансфер на советодавни услуги, за да се дојде до целосниот предприемачки потенцијал на земјата. Крајниот резултат ќе донесе поконкурентни МСП со поголем број на вработувања и поголеми можности за раст на биснисите.”

Кочо Анѓушев, Заменик Премиер на Република Северна Македонија задолжен за економски работи и координација на економските сектори,  истакна: ,,Преку овој проект значително се подобрува пристапот до финансиски средства за малите и средни претпријатија и се овозможуваат нови, свежи средства за развој и нови инвестиции на компаниите. На располагање се €30 милиони евра и €4.5 милиони грант, што претставува атрактивна финансиска инјекција, моделирана за потребите на МСП - приближно 15 % грант за секој кредит. Ова е фактички директната помош и придобивка од интеграциите во ЕУ и НАТО.”

До денес ЕБОР има инвестирано над €1.87 милијарди во 117 проекти во Република Северна Македонија, фокусирајќи се на поддршката на интеграцијата на земјата во регионалните и глобалните пазари, преку инвестиции и пропратните активности на Банката, особено интензивирајќи ја соработката со клучните партнери-Европската Унија и Европската Инвестициона Банка.