„Ѕвона“ од Матеја Матевски

Академик Матеја Матевски е еден од најдобрите и најпознатите македонски поети. За жал, пред неколку денови тој го напушти овој свет, а зад себе остави бесценето наследство преточено преку неговите стихови.

Во негова чест, денес ја споделуваме една од неговите најпознати песни, „Ѕвона“. Слава му!

Ѕвона

Некаде ѕвони. Некаде далеку ѕвони.

звуците се бранови на ветрот

низ тревите подгонети.

 Некаде ѕвони. Продолжително и нежно.

Глуво е сè. Сал ритамот

плиска по брегот на железото.

 Некаде ѕвони. Шибни ме високо и бездно

Бегајте низ кафезот звучен

глуво и безнадежно.

 Некаде ѕвони. Малечок ѕвонам и врискам.

Сè е затворено. Опчинет

за звуците сум виснал.

 Некаде ѕвони. Удри ме. Колку сум храбар а питом.

Време, удри и ти по споменот

грубо и незаситно.

 Некаде ѕвони. Премногу дамна и сега.

Сè боли, небо. По тревата

на звуците познати легни ме.

air max 90 essential sale