Две вооружени драми вчера во Скопје

Две вооружени драми се одвиваа вчера во Скопје, од кои едната во 20 часот и 15 минути на улицата „Тале Христов“ во спортска облoжувалница „Златна Копачка“ каде непознато машко лице, маскирано со фантомка на главата, со закана со пиштол ја ограбило вработената.

Потоа, малку подоцна во 21 часот и 55 минути во Скопје на улицата „Лондонска“ во спортска облажувалница „Спорт Лајф“, од страна на две непознати маскирани лица, од кои едниот вооружен со пиштол, извршено е разбојништво над вработениот при што е одземена засега неутврдена сума на пари.

Секторот за внатрешни работи Скопје превзема мерки за пронаоѓање на сторителот.