Две тешки кражби во Скопје

Две тешки кражби се случиле во петокот во Скопје, соопшти полицијата.

Во едниот случај, од стан на улицата „Теодосиј Гологанов“, сопственост на Љ.Б.(61), се украдени златен накит, накит „Сваровски“ и околу 600 евра, а во другиот, од стан на улицата „Багдадска“, сопственост на З.И. (79), се украдени златен накит, накит „Сваровски“ и 50 евра.

Според МВР, двете кражби ги сториле засега непознати лица кои со употреба на подесен алат насилно влегле во становите, стекнувајќи противправна имотна корист од преку 150.000 денари.

Се преземаат мерки за нивно пронаоѓање и расчистување на случаите.