Две моќни реченици поради кои 2020 година ќе ви биде најдобра година

Доколку вака се поставите во сите животни ситуации, квалитетот на вашиот живот значително ќе се подобри. Следната година нека биде година на промени.

Прва реченица: Јас сум херој на мојот живот

Секој ден со себе носи непредвидливи околности. Разочарувања, лоши вести или што било друго. На вас останува како ќе реагирате на тоа. Доколку на секој проблем одговорите со реченицата: „Јас сум херој на својот живот“, на потсвеста ѝ праќате порака дека сте умствено силни. Одлуката да бидете херој/хероина на вашиот живот значи да се поставите себеси токму онака како треба кога ќе дојдат проблемите. Запрашајте се што може да направите по тоа прашање, наместо да се самосожалувате или да барате вина во другите. Оваа реченица треба да ве потсеќа дека изборот е исклучиво ваш. Среќата, успехот или пропаста ги избираме сами. Можете да постигнете сѐ што ќе посакате, но пред сѐ е потребно позитивно да размислувате. 

Втора реченица: Јас можам да направам сѐ што ќе посакам

Осудете се да пробате нови работи. Често се плашиме да излеземе од удобната зона од страв кој не е основан, затоа почесто терајте се себеси да правите нови работи. Доколку не се обидете, не ни знаете колку можете. Не можете да бидете писатели ако не почнете да пишувате, ниту да бидете супер во танцување, ако не пробате. Нема да успеете без обидување. Потсвеста може да направи многу работи. Доколку ги храните со позитивни мисли, тоа ќе се одрази на вашиот живот. Родени сме без ограничувања и со можноста да оствариме сѐ што ќе посакаме, препреките ги поставуваме ние со нашите негативни мисли.

Идната година нека биде година на позитивни мисли. Започнете да ги изговарате овие реченици на дневна основа и ќе забележите промени и следната година сигурно ќе биде ваша.